Повик за набљудувачи на парламентарните и претседателски избори 2024 година

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, од Скопје, објавува повик за набљудувачи на парламентарните и претседателски избори 2024 година
Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои имаат наполнето 18 години и имаат право на глас, да се пријават
За пријавените граѓани кои ќе бидат распоредени на гласачките места во својство на домашни набљудувачи, ќе се организира обука од страна на Институт Охрид. По завршување на задачата која претставува непартиско, непристрасно и објективно набљудување на избирачкиот процес, ќе треба да се поднесе извештај за изборното место на кое бил избраниот набљудувач.
Предност ќе имаат оние граѓани кои учествувале во набљудување на избори во било која невладина организација.
Scroll to Top