На вториот ден од Самитот на ОН продолжуваме со нашиот апел, младите не треба да се само вклучени во општеството, туку треба да бидат на водечки позиции во секое ниво на власт! Младите се тие од кои зависи исполнувањето на Целите за развој на ОН!
Институт Охрид веќе 16 години активно поддржува и подготвува млади луѓе за лидерски позиции во институциите на власт на локално, централно и меѓународно ниво. Само вклучени, добро едуцирани и активно ангажирани млади луѓе од сите нации во светот може да придонесат кон подобра иднина за сите нас!