Институт Охрид имаше шанса да присуствува на Светскиот форум за изразување (WEXFO) настан кој ја зајакнува глобалната слобода на говор.
Настанот се одржа во Лилехамер, Норвешка и на него учествуваа панелисти од целиот свет за да разговараат за релевантни теми и глобалното влијание на темите како што се состојбата на слободата на изразување, говорот на омраза, младите и слободата на изразување, граѓанските простори, демократијата и самоцензурата во уметноста меѓу другите.