Традиционалната Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза за изборите во 2024 година беше потпишана денеска во организација на Охрид Институт. На настанот, кој се присуствуваа претставници на подмладоците на политичките партии во земјата, како и претставници од ДИК и Амбасади.
Со потпишувањето на оваа декларација, младите политички лидери се обврзаа на спроведување на фер и демократска изборна кампања, без употреба на говор на омраза. Овој чин претставува симболична, но и значајна заложба за почитување на демократските вредности и принципи во пресрет на претстојните избори.